Книгите кои ќе го променат вашиот свет
Одбравме неколку книги кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро, да размислувате поинаку и да отворите нови страници во вашиот живот.
Повторно откривање на животот – Антони де Мело
Повторно откривање на животот е еднакво безвременска и сочувствена книга како и класиката Будење. Книга што ќе ве направи свесни за убавините на човечкото постоење и ќе ве научи да ги гледате насекаде околу себе.
Петте јазици на љубовта – Гери Чепмен
Оваа книга е бестселер број 1 според Њујорк тајмс во која брачниот советник д-р Чепмен ви ја открива тајната за заемно разбирање што преобрази милиони двојки во светот. Во својот практичен и прониклив водич за врските, тој ја открива тајната за долговечната љубов.
Човековата потрага по смисла – Виктор Франкл
Човековата потрага по смисла е прогласена за една од десетте книги што извршиле најголемо влијание врз читателите во Америка. Франкл објаснува дека не можеме да го избегнеме страдањето, но дека можеме да избереме како да се справиме со него, да најдеме смисла во него и да продолжиме напред со обновена цел за своите животи.