Убави вести
Кат медиа со креативен телевизиски проект
Пролетта инспирира реновирање, разубавување и уредување на просторот, а додатна инспирација и креативни и иновативни решенија носи и новата емисија КВАДРАТ која викендов започнува со емитување на ТВ Алфа.
Премиерно, овој празничен викенд ќе уживате во исполнети и креативни триесет минути!
Емисијата е најновиот креативен проект на Кат медиа. Емисијата ќе обработува теми од областа на уредувањето и ќе нуди креативни совети и решенија за исполнување на секој квадрат од работниот и животниот простор и ќе Ви ги пренесува сите новини и светски трендови.
Добра инспирација и идеја за сите оние на кои им претстои реновирање на домот и уживање за оние кои сакаат висок стил на уредување!