Карамелизиран кромид од рерна: Фантастичен и незаборавен вкус
Карамелизираниот кромид е одличен додаток на секое јадење. Одлично оди со печено месо, компири, тестенини, а можете да го ставите и во сендвич помеѓу две кришки леб.
Доколку не сакате да стоите еден час покрај шпоретот и полека да го карамелизирате во тава, одлични резултати можете да постигнете и во рерната.
За овој рецепт најдобро би било да користите бел кромид. Исечете го на четвртинки, испечете го со суво црвено вино.
Состојки за печен кромид:
900 гр кромид исечен на четвртинки
125 мл црвено вино
3 лажици маслиново масло
1 лажица шеќер
½ лажичка сол
Подготовка на печен кромид:
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Кромидот исчистете го и исечете го на четвртинки. Распоредете го на плех за печење.
Во тенџере измешајте ги виното, маслиновото масло, солта и шеќерот. Истурете ја смесата врз кромидот.
Покријте го плехот со алуминиумска фолија и ставете го во загреана рерна 30 минути.
Потоа извадете ја фолијата, измешајте го кромидот и печете уште 30 минути додека да омекне и да се карамелизира.
Пријатно.