Како читањето влијае врз нашиот живот?
Книгите имаат моќ да не насмевнат, разнежнат, расплачат, да не однесат на далечни дестинации, но сега научно се докажа дека читањето на книги може да ни го продолжи животот.
Истражувањето на оваа тема било спроведено на Универзитетот Јеил. Во истото учествувале 3600 лица кои имале над педесет години. После 12 години следење на испитаниците, се покажало дека оние кои читаат повеќе од три и пол часа неделно живеат две години повеќе за разлика од оние луѓе кои воопшто не отвораат книга.
Експертите кои го воделе ова истражување велат дека е важно да читате за да ја зачувате функционалноста на вашиот ум, но дека најважно е што читате. Доколку сакате читањето да го има максималниот ефект врз вашето здравје тогаш треба да читате книги, а не списанија и магазини.