Како повторно да го засакате сопругот?
Не постои совршен брак или долга врска. Секој брак порано или подоцна се сретнува со одредени проблеми, а луѓето кои го споделуваат својот живот со години понекогаш ги напаѓаат мисли од типот: дали треба да останат заедно или секој сам да замине по свој пат. Багажот од минатото и сегашноста за некои е премногу голем, а чувството за љубов не може да го надмине чувството на разочарување и осаменост.
Но, сè она што некогаш сте го споделувале со вашиот партнер може да се врати повторно, но начинот не е лесен, долг е процесот, но наградата е добра. Ќе мора да има многу прошка и жртва од двете страни.
Еве од каде да почнете…
1. Простувајте – Понекогаш е неопходно да ја покажете вашата смиреност и ранливост, бидејќи тоа ќе покаже колку многу ви е односот важен. Простете си еден на друг што сте дозволиле времето да ве прегзи и сте си го запоставиле односот, што сте се земале како здраво за готово, што сте си ги игнорирале меѓусебните потреби и чувства. Простете си за сè што ви е потребно за да си простите.
2. Одберете го партнерот наместо работа – Дали секогаш на прво место ја ставате работата и кариерата? Време е да кренете кочница. Имајте време еден за друг, потсетете се на работите што сте ги правеле заедно, што ве импресионирале и радувале. Поминувајте повеќе време заедно. Одново научете да си бидете пријатели, љубовници…
3. Престанете да го споредувате со другите мажи – Никој не е совршен, ниту тој, ниту вие, па дури ни мажите со кои ги споредувате. Споредба ќе го оддалечи вашето внимание од важни работи и од вредностите на вашиот партнер. Научете како да го сакате, онаков каков што е…
4. Верувајте му дека ве сака – Ако сакате вашата врска и бракот да успеат, онолку колку што сакате треба и да инвестирате напор. Можеби тој ви го кажува ова, но не му верувате затоа што ве разочарал. Ако сакате вашиот брак да успее, почнете да му верувате, малку по малку…
5. Тој мора да ви биде на прво, а не децата – Ако бракот е среќен, децата ќе бидат уште посреќни. Колку и да ви звучи лудо дека бракот треба да ви е на прво место, а не децата, тоа еден ден ќе ви се удри од глава, оти да не бил бракот децата немало ни да постојат. Децата заслужуваат да живеат во семество со хармонија и среќа, а за тоа е потребен среќен и стабилен брак.