Како несвесно ги трошите вашите пари?
Верувале или не, финансиската ситуација не зависи само од тоа колку заработувате туку и од тоа колку сте финансиски дисиплирани, односно дали сте свесни колку и како трошите и дали штедите.
Можеби никогаш не сте размислиле, но постојат неколку работи кои колку и да ви изгледаат евтино „крадат“ голем дел од вашата плата, без вие да забележите!
Пиење кафе во кафетерии
Направете математика и ќе видите колку илјадарки месечно ви бегаат на пиење кафе надвор. Наместо да излегувате на кафе со пријателките, поканете ги дома на муабет. Наместо да купувате кафе за на работа, направете си го.
Вежбање во теретана
Ако секој месец давате по илјада денари за членарина во теретана, на годишно ниво тоа се околу двесте евра плус трошоците за превоз во теретана, тренерки и патики. Зошто да не вежбате дома? Со парите кои за неколку месеци ги давате во фитнес центарот вие можете да набавите квалитетна фитнес справа за кардио вежби. Можете да вежбате и без неа, следејќи туторијали на интернет. И секогаш можете да пешачите и трчате на отворено или пак да возите велосипед.
Ручек на работа
Секој ден купувате ручек и така несвесно ви бегаат неколку илјадарки во текот на месецот. Никој не рече дека треба да седите гладни. Но, наместо да купувате јадење за на работа, подгответе си оброк од дома. Ем ќе се храните поздраво и поразновидно, ем ќе заштедите.
Купување облека
Жените некогаш несвесно трошат на гардероба која нема да ја износат, но ја купуваат само затоа што е во мода или пак е на попуст. Размислете добро околу ова трошење. Дали парчето облека кое го сакате навистина ви треба? Имате ли со што да го комбинирате? Подобро е еднаш на неколку месеци да купите квалитетна и скапа кошула која ќе ви потрае отколку да купувате две кошули секој месец кои се евтини.
Превоз
Оддржувањето на автомобил и неговото полнење со бензин знае да чини многу. Затоа, секогаш кога сте во можност возете велосипед или пешачете.