Како до позитивна состојба на умот?!
Не е ни малку лесно да се најде душевен мир во денешниот современ живот полн со напнатости и проблеми. Но, паметните и смирените луѓе се почесто го наоѓаат мирот во религијата, ги читаат евангелијата, се молат и размислуваат за духовни работи, оти материјалните се минливи. Довербата и верата во огромна мера можат да развијат позитивна состојба на умот. Тој мир е вистински благослов за нашето ментално и физичко здравје.
Верникот живее со силна надеж во подобра иднина и уверен е дека над него постои Некој што го сака, го разбира и внимава на него.
Научете работите да ги прифаќате мирно и без страв.
Немојте да негувате негативни чувства кон себе си, ниту кон другите.
Кога се соочувате со проблем, насмевнувајте се со доверба. За секој проблем постои решение!
Сетете се дека лошо расположените и депресивните луѓе често се разболуваат и голема е веројатноста да настраадаат од хронични болести, срцеви и мозочни удари, рак…
Позитивната состојба на духот и мирот во срцето пресудно влијаат и придонесуваат организмот нормално и природно да функционира.