ЖивотУбави совети

Како до подобар имунитет?

Есента започна и сведоци сме на временски промени и големи температурни разлики во текот на денот.

Во овој период од годината добро е да работите на подобрување на имунитетот како би се спасиле од различни заболувања.

Како да го подобрите вашиот имунитет?

  • Шетајте, пешачете или трчајте на свеж воздух! За време на летните денови ви беше претопло за да спортувате? Сега е вистинското време за да се активирате. Одете до најблиската планина и наполнете ги батериите со енергија, а белите дробови – со кислород.
  • Спијте! Потребни ви се најмалку 7 часа сон во текот на ноќта доколку сакате имунитет кој ќе биде силен.
  • Дружете се! Според некои истражувања, луѓето со искрени пријателства имаат подобар имунитет од осамените.
  • Намалете го шеќерот! Храната богата со шеќер го зголемува нивото на инсулин, а тој влијае врз хормоните кои се поврзани со имунолошкиот систем.
  • Јадете што повеќе овошје, зеленчук и јаткасти плодови! Најдобри намирници за да го подобрите имунитетот се: лимони, портокали, бадеми, боровинки, ореви, лук, пиперки, брокули, кељ, спанаќ…
  • Водете љубов! Едно американско истражување на оваа тема потврдило дека луѓето кои имаат сексуални односи барем еднаш или двапати неделно, произведуваат за 30% повеќе имуноглобулин во споредба со другите луѓе.

Поврзани статии

Back to top button