ЖивотУбави совети

Како да ја употребите бојата за 2017. година на вашата свадба?

Компанијата за бои Pahntone секоја година ја одбира бојата која ќе биде апсолутен хит и боја на годината. Годинава, тоа е светло зелена нијанса наречена Greenery.

Модните дизајнери веќе ги промовираа колекциите за лето 2017 во кои доминира токму оваа нијанса, а доколку годинава подготвувате свадба и плус ги следите модните трендови, тогаш размислете околу опцијата оваа боја да доминира на вашата свадба.

Бидејќи ретко која невеста би облекла венчаница во светло зелена боја, употребете ја бојата на годината за декорациите. Корсажите во светло зелена боја ќе додадат живост на одделата на зетот, кумот и деверот, разиграност и топлина во свадбената сала, а бидермаерот кој ќе ја има оваа нијанса помеѓу останатите ќе биде вистинско пролетно или летно освежување.

Доколку се одлучите во вашата свадбена декорација да доминира најпопуларната боја за 2017 година, комбинирајте ја со белата боја, нежно розовата или бледо жолтата.

Во продолжение ви нудиме галерија од која ќе може да се инспирирате и да создадете вистинска бајка во зелено од вашата свадбена декорација.

 

Поврзани статии

Back to top button