Како да ја прекратите расправијата?
Колку и да се сакате свесни сте дека понекогаш е доволен само еден збор да да избие расправија и ситуацијата да излезе од контрола.
И самите знаете дека расправиите секогаш очнуваат по малку “невино”.
Можеби оставил полн мијалник со садови, или ја гледал вашата омилена серија без вас. Колку и да се сакате добро ви се познати моментите кога за нешто неважно избива огромна расправија. Само секунда е потребна малата расправија да прерасне во борба.
Но, откако ќе ви откриеме нешто ново што научивме, следниот пат пред да направите расправија од ништо ќе бидете попаметни и ќе успеете да ја спречите.
Како?
Експертите за љубов имаат едноставен одговор. Застанете за секунда и поставете си го следново прашање: Дали ова ќе биде важно за една година?
Исто така, поверојатно е дека по расправата ќе му простите на партнерот побрзо.
Паузирајте за време на кавга, за да добиете извесна перспектива. Тоа може да ви помогне да спречите несакани ситуации и да не кажете нешто што навистина не мислите.