Како да му помогнете на вашето дете да има здрава слика за своето тело?
Неколку студии покажуваат дека децата можат да имаат прилично лоша слика за своето тело веќе од 3-годишна возраст.
Навистина страшно, затоа што кога ќе помислите дека повеќето од нив дотогаш не го ни разбираат целосно концептот на говорен јазик. Во таа смисла, никогаш не е рано да се научи детето да има позитивна слика за своето тело.
За да му помогнете на вашето малечко на најдобар начин, а со тоа и да влијаете на неговата самодоверба во понатамошниот тек на животот, во продолжение ви откриваме едноставни начини на кои можете да го постигнете тоа.
БИДЕТЕ ДОБАР ПРИМЕР – Како родител, треба да бидете свесни дека вашите постапки и работите што ги кажувате оставаат силен впечаток на вашите деца. Без разлика дали се работи за вас, или за други луѓе и работи, треба да знаете дека вашите деца како сунѓер апсорбираат како реагирате на нив. Понекогаш несвесно го критикуваме своето тело, особено ако се погледнеме во костим за капење и се жалиме како изгледавме многу подобро пред бременоста. Сепак, не треба да дозволите вашето дете да чуе како го критикувате вашиот изглед. Бидете добар пример за личност која е горда на своето тело, без разлика како тоа изгледа.
ГРАДЕТЕ САМОДОВЕРБА ПРЕКУ КОМПЛИМЕНТИ – Иако пофалните зборови придонесуваат за позитивно мислење на детето за своето тело, важно е да истакнете колку сте горди на него поради неговото добро однесување, уникатниот карактер, талентите и слично. Мора да разбере дека не е важен физичкиот изглед, туку внатрешниот, духовниот. Со текот на времето, ќе сфатат дека е исто толку важно да се биде добар, искрен, лојален, внимателен и физички привлечен.
ФОКУСИРАЈ НА ЗДРАВО, НЕ НА УБАВО ТЕЛО – Како семејство, важно е да се фокусираме на здрава исхрана и да се стремиме кон поздрав начин на живот. Наместо да разговарате за диетите и да негирате слатки и грицки, објаснете му на вашето дете дека здравјето е најважно. Направете ја физичката активност на вашето дете забавна, а не само слабеењето.
ПОМОГНЕТЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ ДА ГИ ИЗБЕГНЕ ТЕЛЕСНИТЕ И СЕКСУАЛНИТЕ СТЕРЕОТИПИ – Во денешно време на родителите им е многу тешко да ги заштитат своите деца од нездрави стереотипи за телото, бидејќи од сите страни сме бомбардирани со многу искривена слика за тоа што е привлечно, а што не. Важно е да внимавате кои емисии, филмови и серии ги гледаат вашите деца, бидејќи меѓу нив често има девојки на кои им е важно само да изгледаат убаво и момчиња на кои им е важно само да имаат најголеми мускули и дека сите им се восхитуваат. Објаснете му на детето дека е погрешно да се води од такви ставови.
ПОТРУДЕТЕ СЕ ДА ИМАТЕ ОТВОРЕНА КОМУНИКАЦИЈА СО ВАШЕТО ДЕТЕ – На самодовербата на детето значително влијае изгледот на неговото тело, сакале ние или не. Важно е постојано да разговарате со детето на оваа тема и да му дадете до знаење дека е во ред да ви каже дали се чувствува незадоволно во своето тело, бидејќи заедно можете да се обидете да го поправите тоа. Без разлика дали детето мисли дека е премногу дебело, премногу слабо, има премали гради за неговата возраст или нешто слично, важно е да може да разговара со вас за тоа без осуда.