ЖивотУбави совети

Како да изберете добар дезодоранс?

Мнозинството посетители на парфимериите го избираат дезодорансот по мирисот или под влијание на ефектна реклама, без основни познавања за составот, напомената, сличностите и разликите меѓу дезодоранските на разни производители. Добриот дезодоранс би требало да содржи три компоненти: антипреспирант, антисептик и парфем.

Антипреспирантот го намалува лачењето на потните жлезди. Најчесто користени антипреспиранти се солите на алуминиумот, хлоридите и талкот. Талкот дејствува со своите физички особини, така што ја впива потта, ја зголемува зголемува површината од која испарува потта и така ја суши и лади кожата.

Антисептикот во дезодорансот го намалува бројот на бактериите, а со самото тоа и непријатниот мирирс. Од антисептиците најчесто се користат триклосанот, хексахлорофенот, безанкониум-хлоридот и хлорхексидин дигликонатот. Кога купувате дезодоранс. изберете некој од оние кои што имаат наведено некои од овие компоненти.

Парфемот што му се додава на дезодорансот го покрива мирисот на потта и придонесува лицето што го употребува да мириса убаво и свежо. На пазарот може да се најдат и дезодорански без мирис, кои го намалуваат мирисон на потта со антисептичко и антиперспираторното дејство и овозможуваат да се користи парфем по сопствена желба, без мешање со мирисот на дезодорансот.

Поврзани статии

Back to top button