Како вашето малечко да стекне навика за хигиена на забите и усната празнина?
За да се заштитат забите од кариес и да се избегне заболување на непцата, оралната хигиена треба да започне веднаш штом се роди бебето. Првата обврска на родителите е на бебињата да го избришат остатокот од млекото веднаш по хранењето. Советите за зачувување на здравјето на устата и забите на бебето треба да ги даде надлежен лекар, а обврска на родителот е да го однесат дедето и да извршат рутински преглед по првите заби, а потоа и по првата година.
За помалку од една година кога забите почнуваат полека да растат, треба да се запознае дедето со четката за заби, да му ја дадете четка за да се навикне на неа самото со тоа што ќе ја турка во устата. Паста за заби е со флориди, и се користи во мали количини и концентрација прилагодена на возраста на детето. Бидејќи децата на таа возраст не се во можност детално да спроведат орална хигиена, од родителите треба да добијат помош, или до седум години, децата треба да ги мијат забите заедно со родителот. Најдобро е да создадете хигиена за уста и заби направена заедно пред огледало, или детето да ги гледа родителите при миење на сопствените заби. Од седмата до дванаесеттата година, родителите треба само да го контролираат редовното миење на забите на нивните деца, односно дали наутро и навечер пред спиење ги мијат забите.