ЖивотУбави совети
Како брзо да се исуши лакот за нокти – три едноставни трикови?
Дали сте нанеле два слоја лак, но немате доволно време да седите мирно и да чекате лакот да се исуши добро? Познато сценарио за секоја жена. Но, има решение и за ова!
Ви носиме неколку трикови како брзо да го исушите лакот, особено во моменти кога сте притиснати со време.
- Со помош на фен. На ладно дување вклучете го фенот и издувајте ги ноктите 30 секунди.
- Со ладна вода. Студената вода има ист ефект врз лакот како и ладниот воздух. По лакирањето, натопете ги прстите во ладна вода или држете ги под млаз ладна вода барем една минута.
- Средтство за брзо сушење. Покрај горенаведените методи, постојат и препарати кои се нанесуваат на свежо обоени нокти и помагаат моментално да се исуши.