МодаУбави совети
Какви чевли ќе носиме во 2018 година?
Иако од идната година не делат уште неколку месеци, за најавување на модните трендови никогаш не е рано! На модната недела во Њујорк, дизајнерите ги претставија трендовите за обувки за сезоната пролет/лето 2018.
Идната пролет ќе се носат уникатни и впечатливи чевли на средно високи потпетици. Актуелни ќе бидат модели на чевли кои ќе бидат во повеќе бои или пак со идентичен принт како панталоните и фустаните. Ќе се носат и чевли во црно-бели комбинации, односно тренд ќе бидат карираните чевли и пепито дезенот. Слободно може да кажеме дека со нетрпение ја очекуваме пролетта!