МодаУбави совети
Какви обетки ќе бидат во мода ова лето?
Модните додатоци се многу важен момент за секој моден аутфит. Во наредниот период изгледа ќе треба да се збогувате со малите и невпечатливи обетки. Како што облеката станува се поедноставна, така накитот станува се поневообичаен и повпечатлив. Големи обетки, во необични форми, со златни нијанси ќе се носат ова лето.
Сега е идеално време да си набавите еден пар вакви обетки и спремни да го пречекате летото! Погледнете ги фотографиите со обетки подолу и уверете се – навистина се прекрасни и неодоливи!
Направете обиколка по продавниците за накит и најдете си штосен модел по ваш вкус. Блескајте, денес, утре, секогаш!