Какви мажи заслужувате покрај вас?
Совршен маж не постои, но кога се заљубуваме ни се чини дека тој маж е најдобриот на светот. Сепак, со време може да се појават сомнежи – дали сме се одлучиле за вистинскиот животен сопатник? Ве советуваме да ја решите таа дилема и да дознаете какви особини поседуваат оние мажи кои се близу до совршенството. И не заборавајте, секогаш го заслужувате најдоборото!
Не се плашат од потешкотии и секогаш навремено ги решаваат проблемите.
Способни се сами себе си да си подготват вечера.
Секогаш ја поддржуваат својата понежна половина, дури и тогаш кога гледаат дека таа направила голема грешка.
Внимаваат и обрнуваат внимание на ситниците, оти свесни се дека тие го прават животот ваков или онаков.
Не само што се паметни туку се и навистина мудри.
Умеат да расположат и развеселат.
Знаат да се договараат и да прават компромиси.
Не ги забораваат вашите проблеми штом излезат од домот.
Важно им е вашето мислење.
Помагаат во домашните обврски.