Каде ни е почитта, зошто немаме почит едни спрема други, во што е проблемот?
Хм, мислам дека проблемот е во нас самите, ние си го правиме, никој друг не може да ни го направи, затоа се прашувам каде ни е почитта – отидена е некаде далеку на мир да одмори.
Прашање е дали ќе се врати, иако искрено не верувам, се додека се однесуваме така спрема неа, таа на ист или полош начин ќе ни враќа.
Така е кога не сакаме да се почитуваме едни со други, дури мислам дека треба со двојно поголема мерка да ни враќа, сè додека не нè опамети и освести дека треба спрема секој човек да имаме почит.
Добро,да не се разбереме погрешно, не реков да му бакнуваме рака како на попот што му ja бакнуваме раката кога се причестуваме, но можеме барем малку од малку спрема секого да имаме почит бидејќи секој човек заслужува да го почитуваме и тоа треба да ни биде пракса за во иднина која ќе ја практикуваме, доволно е само да му кажеме – моја почит спрема вас, тогаш сè ќе биде во најдобар ред, место да го газиме и понижуваме бидејќи секој човек заслужува од секого малку внимание и почит.
Зарем не сум во право?
Наташа Алексовска