Од васУбави муабети

И се што можам да ти дадам е душава…

Од светот никогаш не барав ништо повеќе, доволно ми беше тоа што ми го дава. И тогаш… Тогаш те почувствував тебе. Смислата стана поинаква, постоењето недоволно, желбата преголема. Одеднаш светот стана мал. Сакав да ти го подарам, а ми го собираше на дланка… “Премалку е”, си велев… Па го собрав универзумот во душава. Го покорив сонцето и ја собрав светлината во очиве. Ја скротив месечината, ги навезов ѕвездите на дланкиве… И како луда, измислив зборови што никаде не се напишани. Нацртав слики со бои волшебни. Испеав стихови што никогаш не биле испеани. А од светот не барав ништо повеќе… Те сретнав кога бев меѓу скршените работи. Ме најде. Ме оживеа. Ме извлече. И се што можам да ти дадам е душава… А знам…некогаш и премалку е.

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button