Од васУбави муабети

И мажите имаат свои стравови…

Жени мои, иако мажите важат за посилниот пол тие имаат ирационални стравови кои никогаш не би ви паднале на ум. Да бидам искрена, некои од стравовите кои ќе ви ги кажам набрзо навистина ќе ве насмеат до солзи.

Тие се плашат дека можеби ги изневерувате и тоа го знаат сите освен тие. Ги плаши помислата какви се во креветот, да не се лоши, а да не не им го признавате тоа. Се плашат дека можеби партнерката им е чудовиште, таен агент или луда вештерка.

Највеќе се плашат како ќе бидат прифатени од семејството на жената која ја сакаат, а се плашат и да не се влоши односот меѓу нив и партнерката во иднина па тоа ги спречува да уживаат во сегашноста.

Се плашат да се ослободат и да се заљубат на прв поглед. Помислата дека ги сметате за досадни и монотони исто така им создава страв… Се плашат да не ја украде и заведе некој нивната љубена и да не останат со прстот во уста после целиот труд кој одвај се решиле да го вложат.

Мажите исто така се плашат дека ќе полудат поради сите овие мисли. Мажите имаат многу стравови, исто како и жените. Па затоа жени опуштете се и препуштете се на моментот!

Поврзани статии

Back to top button