Истражувањата покажаа дека сопрузите предизвикуваат повеќе стрес отколку децата
Во анкетата спроведена од американскиот портал „Today“, седум илјади мајки одговарале на прашања за стресот.
Резултатите покажале дека повеќето жени го „мереле“ стресот со оценка 8,5 од максимални 10, а 46 отсто од нив изјавиле дека нивните партнери им ставаат повеќе стрес отколку децата.
Очекувано, жените најмногу се жалеа на (не) учество во домашните работи од страна на својот сопруг. 75% од нив изјавиле дека се чувствуваат како сите домашни работи, но често и родителски да ги засегаат само нив, бидејќи во спротивно нема да се завршат.
Во просек, една од пет мајки изјавила дека нејзиниот сопруг предизвикува најмногу стрес токму затоа што не помага доволно во секојдневниот живот.
Друго што им пречи е однесувањето на партнерот.
Имено, како што кажаа мајките, нивните партнери често се однесуваат полошо од децата, па самите деца ги доживуваат како пријатели и извор на забава, додека на мајките им останува таа незавидна улога која вклучува строгост и носење не толку забавни одлуки.