ЖивотУбави совети

Интересна идеја за денешниот десерт!

Наша драга читателка денеска со вас споделува рецепт за вкусен десерт.

Состојки:
350 гр. брашно
200 гр. маргарин (омекнат)
140 гр. шеќер
2 ванилин шеќер
1 јајце
2 жолчки
прстофат сол
За валкање:
2 белки
200 гр. грубо мелени ореви
Подготовка:

  1. Се меси тесто од сите наведени состојки, го покриваме и го оставаме во фрижидер 30 минути.
  2. Потоа правиме топчиња од тестото, во големина колку цреша или во големина по желба.
  3. Секое топче го валкаме прво во белките, а потоа во оревите.
  4. Ги редиме во плех и ги печеме во загреана рерна на 200°C, 15 минути.
  5. Ги спојуваме со крем. (или по сопствена желба)

Даниела Стојановска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button