Убави вести

Институтот за јавно здравје: Епидемија на листериоза (Listeriosis)

Институтот за јавно здравје известува:

Од 2015 година, епидемијата на инвазивна Listeria monocytogenes (L.monocytogenes) е во тек во пет земји-членки на Европската унија (ЕУ) (Австрија, Данска, Финска, Шведска и Обединетото Кралство). Заклучно со 15 јуни 2018 година, пријавени се 47 случаи, вклучувајќи девет смртни случаи (стапка на смртност од 19%). Оваа појава е епидемиолошки потврдена со секвенционирање на целиот геном (WGS) на бактеријата изолирана од замрзната пченка производ на една фабрика во Унгарија. Еден случај на листериоза, за кој се покажа дека е
поврзан со сегашниот тип на епидемија, исто така е идентификувана во Австралија и пријавена до СЗО на 12 јули 2018 година.
Суспектната замрзната пченка и замрзнат зеленчук, произведени во фабриката во Унгарија, биле извезени од Унгарија во земји надвор од ЕУ. Освен тоа, замрзнатите пченка и замрзнат зеленчук се дистрибуирани од Унгарија до неколку земји-членки на ЕУ, а потоа се дистрибуирани и во други земји.
Според Европската Агенција за безбедност на храната (EFSA), секвенционирањето на цел геном се користи за да се идентификува контаминираната храна, за која првично мислеле дека е замрзната пченка. Но, истите соеви на L. monocytogenes се откриени во замрзнат зеленчук, произведен од истата унгарска компанија во 2016, 2017 и 2018 година. Ова укажува на тоа дека бактеријата опстанала и се размножува во преработувачката фабрика и покрај постапките за чистење и дезинфекција кои биле спроведени. Достапните информации ја потврдуваат контаминацијата во унгарската фабрика. Сепак, потребни се понатамошни испитувања, вклучувајќи темелно земање мостри и тестирање, за да се идентификуваат точните точки на
загадување на животната средина во унгарската фабрика. Истата препорака се однесува и на други компании кои припаѓаат на истата комерцијална група, ако се открие контаминација на животната средина.

На 29 јуни 2018 година, унгарската канцеларија за безбедност на синџирот на храна ја забранила продажбата на сите замрзнати зеленчукови и замрзнати мешани растителни производи произведени од засегнатата фабрика помеѓу август 2016 и јуни 2018 година, и нареди нивно итно повлекување и отповикување. Оваа последна мерка најверојатно ќе придонесе за намалување на ризикот од инфекции кај луѓето и ќе ја спречи појавата на болеста. Целата програма за замрзнати производи во фабриката е запрена.
Листериозата од болест која настанува преку консумација на храна загадена со бактеријата Listeria monocytogenes. Високата стапка на смрт поврзана со оваа инфекција ја прави загрижувачка за јавното здравје.

Инвазивната листериоза е потешка форма на болеста и се јавува кај одредени групи од населението со висок ризик, а тоа се бремени жени, стари лица и доенчиња, лица со намален имунитет како пациенти подложени на цитостатска терапија, СИДА и трансплантација на органи,. Оваа форма на болест се карактеризира со тешки симптоми и висока стапка на морталитет (20% -30%). Симптомите вклучуваат треска, мијалгија (мускулна болка), септикемија, менингитис. Периодот на инкубација обично е една до две недели, но може да варира помеѓу неколку дена и до 90 дена.
Замрзнатите производи од зеленчук генерално се консумираат по термичка обработка, како што е готвењето, кое ја убива L. monocytogenes. Сепак, не е невообичаено да се консумираат амрзнати зеленчуци без понатамошен третман (во салати, слатки итн.), со што се зголемува ризикот од појава на листериоза кај консументите. Затоа правилно готвење на замрзнатиот зеленчук пред консумација е докажано дека ја убива L. monocytogenes и се препорачува.

Поврзани статии

Back to top button