МодаУбави совети
Идеални модни комбинации за почетокот на есента
Есента ни се приближува и за жал тоа значи дека ќе мора да се збогуваме со лелеавите фустани со голи раменици.
Но, од друга страна, есента е совршен период за да ја покажете својата умешност за правење на уникатни модни комбинации.
Доколку се двоумите кое парче облека да го купите оваа есен, односно кое ќе биде најисплатливо и најмногу ќе го износите ние имаме совет: Инвестирајте во квалитетни и добри фармерки кои ви стојат совршено, бидејќи може да ги комбинирате и за на работа, и за излегување со пријателките, но и за во диско.
Ви нудиме и неколку идеи како да ги комбинирате фармерките за различни прилики, а притоа да изгледате шик и дотерано.