Убави дестинации за пролеттни патувања
Пролетта е совршен период за патување, затоа што температурите не се многу ниски, а сонцето не е пресилно. Оние кои патуваат можат на мир да ги разгледаат знаменитости кои ги нуди една дестинација без многу гужви, затоа што бројот на туристи во пролет е помал за разлика од летото.
Ви нудиме четири предлог дестинации кои вреди да ги посетите оваа пролет!
Тоскана: Живописни пејзажи, богато културно наследство и храна на која не можете да одолеете.
Салцбург: Бисерот на Австрија и родниот град на Моцарт е дестинација која ќе ве воодушеви.
Дворците на Баварија: Можеби ова е најромантичната дестинација во цела Германија. На патот од Вицбург па се до Фусен се наоѓаат повеќе од 60 дворци кои ќе направат да се чувствувате како да сте во некоја бајка.
Плитвичките езера: Оваа локација е една од најубавите национални паркови во Европа. Кристачно чистата вода на овие езера и чудата на природата се рај за сечие око.