Наше а светско, село како од соништата!
Ова е село како од соништата. Рај на земјата. Преку целата година е полно со туристи, љубители на природни убавини. Тука одморот е загарантиран. Сместено е во рамките на најголемиот национален парк во Македонија “Национален парк Маврово” на јужниот брег на прекрасното Мавровско Езеро. Во минатото токму тука се играла една страшна битка во која многу војници загинале. И, така местото го добило името Маврово што значи Црно поле после оваа голема битка. До 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавтовската котлина низ која течела Мавровската река. Тогаш, на реката на излезот од од котлината, и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровското езеро. Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година, и тоа е одлично доживување. Порибено е со Пастрмка. Мавровската Пастрмка е надалеку прочуена по својот совршен вкус, почастете се нема да зажалите. Над езерото на сите страни се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми кои му даваат посебна убавина и изглед на езерото. Свежиот воздух е загарантиран, затоа спакувајте торбите и правец во Маврово!