Играчки кои се опасни за детското здравје
Нема дете кое не сака играчки. Нема родител кој не купува играчки за неговото дете. Но, при изборот на играчки треба да бидете внимателни бидејќи постојат одредени играчки кои кријат потенцијални опасности за вашето дете.
Играчки со пропелери
Прескокнете ги ваквите играчки доколку вашето дете е малечко бидејќи неговите прстиња лесно може да бидат повредени особено доколку пропелерите се движат на батерии.
Докторски сет
Многу деца сакаат да бидат доктори и сакаат играчки кои ќе им помогнат да го реализираат овој сон. Но, имајте на ум дека ваквите играчки, особено пластичниот стетоскоп може да ги повреди детските ушиња.
Мускули и гуми за пливање
Ваквите помагала за во вода не гарантираат безбедност. Затоа, секогаш кога вашето дете е во базен, езеро или море вие мора да бидете до него. Освен тоа, внимавајте и на квалитетот на ваквите производи бидејќи може да предизвикаат иритации на кожата.
Балони
Во суштина, балоните се препорачуваат за деца кои имаат над осум години. Полни се со хемикалии, а нивното пукање може лошо да влиаје врз вашето малечко и да го вознемири.
Фиџет спинер
Ова е моментално најпопуларната играчка на светот, но и небезбедна. Посебно е лошо ако се откачат делови од неа кои може да го повредат вашето дете или во најлош случај, да бидат проголтани. Во неколку сојзуно држави во САД, на децата им се забрани да ја носат оваа играчка во училиште.
Играчки со мали делови
Доколку вашето дете се уште не разбира што е за во уста, а што не избегнувајте ги играчките со мали делови, како ситни пластики, тркалца или штрафови.