Од васУбави муабети

Иако не ѝ веруваш на љубовта, сепак копнееш по неа, ја посакуваш и шепотиш да пристигне веќе еднаш!

Љубов, тоа е нешто кое ме беше заборавило, или пак, јас, се бев откажала зашто секогаш изостануваше, ме забиколуваше ко да не бев достојна за тоа нешто – љубов. Љубов, што ли е тоа? Зарем вака боли? Да си девојка, а да не можеш да направиш разлика помеѓу едно момче и друго. Да имаш чувство дека сите мажи на светот се исти. Да го чекаш херојот кој здодевното секојдневие ќе го претвори во бајковита романса. Да го замислуваш принцот што знае вистински да љуби. Значи дака живееш во фиктивен свет. Хероите изгубија самодоверба, принцовите станаа премногу достојни за љубов, а обичните момчиња немаат ништо за восхит во кое би се вљубила. Животот те гази. Иако не ѝ веруваш на љубовта, сепак копнееш по неа, ја посакуваш и шепотиш да пристигне веќе еднаш. И побрзо ќе фатиш вистински принц од неколкуте монархии по светов, отколку да фатиш уникатно момче, некој што знае да љуби, вистински да љуби.

Александар Алексов

 

Поврзани статии

Back to top button