ЖивотУбави совети

Зошто треба да пиете јогурт секој ден?

Една неодамнешна студија покажала дека дневниот внес на јогурт ги намалува шансите за развој на дијабетес од околу 20%.

Студијата за јавно здравје во Харвард во САД сугерира дека оваа популарна храна може да биде евтин и лесен начин да се обезбеди здравје во старост.

Еден од научниците кои ја спровеле студијата, Френк Ху, вели: “Утврдивме дека внесувањето на поголема количина на јогурт е поврзано со намален ризик од дијабетес тип 2, додека внесувањето на други млечни производи не резултираше ниту со слични резултати. Наодите покажуваат дека јогуртот треба да биде вклучен во секојдневната исхрана. ”

 

Поврзани статии

Back to top button