Од васУбави муабети

Зошто си заминав?!

Денеска е понеделник, наутро, убав сончев ден, како и секој претходан, ми звони телефонот, си мислам некоја пријателка за да го поминеме заедно денот, но не. Самата се залажувам дека е некој друг, а самата знаев дека е време да тргнам, за себе, за подобар живот. Треба да тргнам во туѓина, треба да одам далеку од сите мои сакани, од мојата фамилија, зошто ли? 
Е сега ќе ви кажам зошто, бидејќи во мојата земја ако сакаш да работиш не ти треба училиште, туку партиска книшка,во мојата држава ВМРО и СДСМ е како “добро утро” и “добра вечер”. Бидејќи мојата држава е полна со измамници, предавници, завидливи и дволични луѓе. Самите ги кривиме сите околу нас, но всушност ни самите не превземаме ништо, ако сакаме да се смени нешто, самите би требале да се смениме. Секогаш сум ги осудивала луѓето што одат, си велев зошто?
Има и тука работа, но кога дојде време јас да тргнам ги разбрав сите тие луѓе, сите млади студенти со најдобар успех ги губи оваа држава, не сум била секогаш одлична, и секогаш сум се гордеела со својот успех па да било и 2/3, сепак тоа е мојот успех и труд, колку сум можела толку, но никогаш не сум сакала да заминам од тука.
Па вие што сте на власт размислете зошто секој ден ви се намалува бројот на жители и зошто заминуваат младите, и јас сега одам, но ќе заминат уште многу!

Јована Јовановска

Текстот ни го испрати наша читателка, испратетени и вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button