Зошто секогаш ќе имате чувства кон симпатијата од средно училиште?
Од средното училиште, сигурно нема да се сеќавате на единицата која сте ја добиле по математика, но како вашиот прв симпатија бил облечен за првпат кога сте го виделе веројатно уште се сеќавате. Можеби немаме соодветено толкување за овој феномен, но знаеме дека тоа е нешто прво што ви паѓа на памет кога со мислите се враќате на средношколските денови, и дури за момент може да го почувствувате истото чувство, како некогаш, кога после долго време ќе го сретнете симпатијата од средношколските денови.
“Луѓето често замислуваат колку е добро да се вратат во средно училиште само затоа што копнеат да направат поуспешна верзија од самите себе”, објаснуваат експертите, додавајќи дека тоа не значи дека се уште сте заљубени во него, туку дека вашето враќање ве потсетува на прекрасен период и на сите чувства што сте ги имале во тоа време.