Зошто кучињата ги сакаат луѓето?
Најдобриот пријател на човекот е кучето. А, сега и конечно знаеме зошто кучињата толку многу се разликуваат од волците, со кои припаѓаат на иста фамилија на животни.
Научничката Бриџит вон Холдт, специјалист за еволутивна биологија последниве три години ги истражувала генетските материјали на кучиња и нивното однесување. Најмногу го истражувала прашањето зошто кучињата ги сакаат луѓето, а волците не…
Таа открила дека кучињата се толку многу дружељубиви поради варијација во гените.
Холдт забележува дека дури и волците и кучињата да растат во иста средина, кучињата се повеќе расположени за дружба, додека волците се насочени само кон својот плен. Разликата во гените помеѓу овие животни се појавила во последниве 10.000 години кога кучињата и волците започнале да се одвојуваат по карактеристиките, а научниците веруваат дека кучињата се уште еволуираат поради блискоста со луѓето.