Од насУбави муабети

Зошто жените ги напуштаат мажите кои ги љубат?

Еден факт кој треба секој маж да го знае и никогаш да не го заборави е „Жените често ги напуштаат мажите иако ги сакаат.“ Ви звучи чудно, нели?! Се чувствуваат искршено, повредено и тажно но, сепак се одлучни во тоа дека мора да го остават мажот кој го љубат. Собираат храброст и причини тешки како тон и го прават тоа. Жените ги оставаат мажите со кој имаат дом, деца и живот. Жената може да се сврти и да си замине поради безброј причини, но онаа најтажната е дека го остава мажот оти тој не е присутен. Оти мажот нема време за неа, за нивната врска. Тој работи, игра кошарка, пие пиво со другарите, оди на бизнис состаноци, вежба во теретана, гледа телевизија и што уште не. Тој не е лош маж, добар татко е, добро се грижи за финансиската состојба на семејството, добар човек е но, не е присутен. Ја третира жената како здраво за готово. Ја освоил некогаш и мисли дека е доста. Често пати жените со вакви мажи плачејќи раскажуваат дека може да дојде некој и да им се фрли во прегратка, а мажите нема ни да забележат. Тоа им претставува тага и разочарување.

Мажи, можеби ќе звучи клише, но жената не е имот. Не ја добиваш еднаш и ја имаш засекогаш. Твојата жена не ти ја должи душата, треба да ја заслужуваш, од ден во ден, од момент во момент. За почеток си ја освоил со присутност, со грижа и со сочувствителност. Мораш така и да продолжиш. Мораш да имаш време и за неа. Мораш да и се посветиш. Таа сака да те почувствува, да те препознае да се почувствува своја на своето. Само ако и климаш со глава додека нешто ти раскажува, си на лош пат. Жените не сакаат брз и отсутен да сте додека водите љубов. Не сакаат да не ги гледате во очи. Не сакаат и тажни се кога ќе приметат дека фантазирате или дека ги избегнувате и веднаш заспивате. Жените имаат шесто сетило, се осеќаат, се умеат да помирисаат. А кога ќе осетат дека мажот им се оддалечува се прават да го вратат. Ако не успеат умеат да завртат грб засекогаш.

Вреди ли? Вреди ли да ја изгубите жената на вашиот живот, мајката на вашите деца или девојката од вашите соништа само за да не одвоите некоја минута во денот за неа. Не е задолжително секој ден да излегувате во театар или на вечера. Не е задолжително да мора да бидете по цел ден заедно. Но задолжително е да имате време секој ден за неа!

Поврзани статии

Back to top button