ЖивотУбави совети

Здрави и нискокалорични бомбици за секој ден

Време е за здрави и вкусни десерти кои ќе може да ги јадете без да чувствувате грижа. Во продолжение вкусен и здрав рецепт за слатки бомбици.

Состојки:
1 чаша (250 ml) овесна каша
6 лажици бадемов путер
2 лажици мед (можете да користите и јаворов сируп)
малку сол

Подготовка:
Испечете го овесот во тава, на пониска температура. Кога неговите рабови стануваат кафеави (по 4-6 минути), извадете го од тавата и оставете го да се излади целосно.

Ставете овес, путер од бадем, мед и сол во блендер и мешајте додека масата не се соедини. Ако тестото не е доволно лепливо за да формирате топчиња, постепено додавајте вода (по 1 лажичка) додека не ја добиете вистинската конзистентност. Земете 1 лажица од смесата, формирајте топче и ставете го на плехот за печење. Од целата смеса направете бомбици кои можете да ги декорирате по желба – со кокос, цимет или чоколадни трошки. На крај ставете ги да се здрват во фрижидер.

Поврзани статии

Back to top button