Зголемете си ја енергијата, прочистете ги своите аури и чакри!
Потребно е секој ден да си ги прочистувате своите аури и чакри, а тоа е многу брз и едноставен процес. Во текот на денот впиваме енергија која не ни припаѓа, енергетско ѓубре кое останува од нашите и туѓите психички и физички активности. Поради тоа често се чувствуваме негативно, нерасположено, заморно, болно и не мачат несоници. Хроничниот умор е знак дека сме полни со енергетско ѓубре и дека е знак дека е време за прочистување!
Наполнете се со позитивни мисли, спортувајте, медитирајте и планинарете. Негативноста оставете ја зад себе. Тоа што мислиме тоа и привлекуваме, затоа мислите нека бидат ведри и полни со сончеви зраци. Кога нешто планирате, не двоумете си, верувајте во себе и тргнете секогаш, секогаш со мисла дека вие тоа го можете и дека ќе успеете. А, ако не успеете од прва, не откажувајте се, само сменете го начинот на реализација, тој бил погрешен, вие не сте виновни и немоќни. Создадете си време за себе, уживајте сами со себе на убаво место, хранете се здраво и пијте вода во големи количини.
Енергијата е многу важна за секојдневието, работете на тоа да ја зголемите. Често пати од психички состојби си ја трошите, но, време е да ја подигнете. Секогаш кога ви е мака да се помрднете од креветот, обавезно станете и фатете се за работа!