За тазе домаќинки: 5 ножеви кои треба да ги имате во кујната!
Квалитетни, наменски избрани кујнски ножеви, доколку правилно се користат и оддржуваат, го скратуваат времето на приготвување оброци и го олеснуваат готвењето.
1 – Нож за лупење: има кратко сечило со остар врв, а се користи за поедноставна подготовка на намирници (лупење, сечкање свежо овошје и зеленчук и сецкање на мали плодови). Идеален е за декоративно сечкање и украсување на јадења, но со него може да проверите и дали зеленчукот е сварен.
2 – Француски нож: се употребува за сечкање јаткасти плодови, зеленчук и овошје. Врвот на ножот при сечкање останува залепен за даската за сечкање, додека задниот дел вертикално се поместува горе-долу.
3 – Повеќенаменски нож: нож со долго острило се употребува за сечкање и обработка на свежо месо и за издвојување на мрснотијата. Доколку сечилото е пократко ножот е добар и за лупење на зеленчук и овошје и за сечење резенки.
4 – Нож за леб: Има остро назабено сечило, кое без ронење сече парчиња со трвда кора и со мека средина.
5 – Нож за филетирање: Сечилото му е тесно, благо закривено со остар врв. Наменет е за одвојување на месо од коса, тетиви и рскавици.