За оние кои го сакаат вкусот на мак…
За денес подгответе германски ролат со мак, и нека уживаат блиските заедно со вас.
Подгответе: за тестото: 250гр пченично брашно, малку сол, 0,75гр млака вода, 0,5дл зејтин. За филот: 300гр свежо мелен мак, 3дл млеко, 75гр шеќер, 2 лажици мед, 1 јајце, изрендана кора од еден лимон, 100гр суво грозје, 150гр кисели јаболки, 50гр путер.
За тестото: во еден сад посејте брашно заедно со сол, зејтин и вода па се заедно изматете добро со миксер, прво со најмала па потоа на најголема брзина. Измесете го на работна површина попрскана со брашно се додека не добиете глатко тесто. Ставете го на сува хартија во жежок сув лонец (предходно во него треба да се зоврие вода), преклопете го и оставете го да отстои околу 30 минути.
За филот: во врело меко попарете го свежо мелениот мак и оставете го да набабри. Додадете го шеќерот, медот, јајцето, сувото грозје и ренданата кора од лимон па се заедно измешајте. Во меѓувреме јаболките исцистете ги и изрендајте ги на крупно. Изренданите јаболки добро исцедете ги и додадете ги во смесата со макот. Тестото за ролатот рестегнете го на покривка на работната маса во форма на правоаголник (50 x 40 см). на две третини од тестотораспоредете го филот и свиткајте го тестото филувано како ролат. Ролатот поставете го на плех намачкан со зејтин и попрскан со брашно и печете 50 минути во загреана рерна 180-200 степени.