Од насУбави муабети

Животот е приказна, направи ја совршена!

Приказна која нема реприза, има почеток и има крај. Од самите вас зависи каков вид на приказна ќе создадете. Приказна која вреди да се запамети, приказна која оставила печат и по самото завршување и приказна која се прераскажува години и години понатака. Токму таква приказна со среќна содржина направете ја вашата една и единствена животна бајка. Сакајте се и негувајте се. Ценете се и љубете се. Помагајте, давајте и примајте. Живејте денес, сега и одма. Не оставајте ништо за утре. Никој не може да знае што носи следното утро, новиот ден и темната ноќ. танцувајте со леснотија низ животот, прифатете ги сите искушенија и предизвици. Извлекувајте лекции од секојдневието, никогаш не вртете се назед. Храбро и гордо чекорете напред колку и да е тешко, не подлегнувајте на болката. лечете си ги раните со разни активности, и запаметете, после дождот виножитото е награда.

 

Поврзани статии

Back to top button