Животот е премногу краток за да се помине во отсуство на среќа!
Колку пати сте се сретнале со потсетникот дека животот е премногу краток?
Колку пати сте го упатиле истиот некому или сте си го повториле себе си?
Животот е комплициран, неизвесен, полн со неправди, далеку од совршен, на моменти убав, на моменти спротивно од тоа … Но, едно нешто е сигурно – животот е премногу краток!
Пребројте ги сите ваши моменти кои ви донесле насмевка, радост, убави чувства.
Не заборавајте ги и оние другите, моменти на тага, солзи, негативни емоции.
Кој е заслужен за нив?
Кон кого ќе вперите прст и ќе означите виновник?
Таа личност секогаш е една иста. Да, таа личност сте Вие!
Вредно учевте и се здобивте со диплома која ви нуди кариера каква што отсекогаш посакувавте? Заслугата е Ваша и чувството е неверојатно.
Партнерот со кој градевте иднина догло време, се оддалечи и испостави дека има поинакви планови? Не ја добивте работната позиција за која гаевте надежи? Чувството е ужасно.
И сигурно се прашувате како е можно во овие случаи вината да биде повторно Ваша.
Суштината е во начинот на кој Вие реагирате на нештата кои Ви се случуваат.
Немате контрола на сѐ што се случува во животот, но имате контрола над Вашите емоции, реакции, прифаќање и соочување со нештата.
Негувајќи чувства на огорченост, се лишувате од потенцијална совршена среќа.
Смејте се секогаш кога имате можност.
Побарајте прошка кога тоа е потребно.
Ослободете се од сѐ што ви причинува тежина и ви поставува кочница.
Ризикувајте.
Препуштете се.
Животот е премногу краток за да се помине во отсуство на среќа!
Вашиот живот е огледало на Вашите дела, а тие се последица на Вашите мисли.
Марина Кљајиќ Петковски
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk