Есенско смути од тиква – 3 минути подготовка!
Веганското смути од тиква се прави едноставно и брзо, а иако изгледа како десерт, всушност е многу здраво.
Најчести асоцијации во есен, кога е во прашање готвењето, секако се циметот, ванилата и тиквата. И покрај тоа што има етикета на обична храна, тиквата, кога се подготвува на вистински начин, може да биде вкусна. Плус, таа е многу здрава.
Тиквата го забрзува излачувањето на водата од телото, а се препорачува за луѓе кои боледуваат од ревматизам, гихт, воспаление на бубрезите и уринарниот тракт. Го намалува нивото на шеќер во крвта, а во исто време содржи многу малку калории.
Тиква е одличен извор на витамини А и Ц, како и протеини, калиум, фолна киселина и антиоксиданси, а во исто време содржи многу малку масти. Семките од тиква се богати со протеини, железо, цинк, магнезиум, манган и витамин К.
Од се што прочитавте, разбирате зошто тиквата треба што повеќе да биде вклучена во дневното мени. За наша среќа, постојат безброј вкусни начини за тоа, а ние денеска се одлучивме за смути.
Потребни се околу три минути за една шолја смути.
Состојки:
Три коцки мраз
половина чаша вода
половина чаша растително млеко по избор (наша препорака е бадемово)
1/4 чаша сечкана тиква
цимет по вкус
Начин на подготовка
Сварете ја тиквата во малку вода додека не омекне.
Кога ќе се излади, префрлете ја во блендер и додадете коцки мраз, бадемово млеко и цимет и изблендирајте.
Совет плус: Можете да направите и топла верзија на смути, без коцки мраз. Напитокот по желба можете да го засладите со мед или кокосов шеќер.