МодаУбави совети
Есенски комбинации за малите принцези
Есента само што не започнала! Сега е вистинско време за преуредување на плакарите и купување на оние прачиња облека кои се неопходни за сезоната што следи.
Кога станува збор за облекувањето на вашите ќеркички, бидете креативни. Доколку имате ќерка, не значи дека треба да ја облекувате само во розово. Напротив, издвојте се од толпата и покажете дека сте мајка која има стил.
Одберете штосна јакничка, весели хулахопски, шик дуксерки во комбинација со удобни хеланки или незаменливиот џинс. Не заборавајте на плетенети фустанчиња кои оваа есен ќе бидат во мода и за големите, но и за малите дами.
Погледнети ги овие слатки фотографии и инспирирајте се уште денес!