Експерт за љубовни односи тврди дека најважната работа во една врска е носењето заеднички одлуки!
Најновите истражувања покажуваат дека паровите кои внимателно и заеднички донесуваат одлуки остануваат во брак или врска, а нивните односи се многу подобри од на останатите парови.
Дали сакате да знаете дали вашата врска ќе трае со сигурност уште долго? Размислете како донесувате одлуки. Ако ја донесувате секоја одлука – од најмала до најважна – преку заеднички разговор и договор, можете да бидете сигурни дека вашата врска има потенцијал за долга трајност. Особено е важно паровите да седнат и да разговараат заедно пред да живеат заедно и да постигнат договор за тоа како да живеат заедно, но навистина во денешните врски тоа е реткост.
“Донесување одлуки е важна работа, бидејќи таа всушност се случува на дневна основа. Паровите кои го прават тоа заедно имаат поголеми шанси за успешен и квалитетен однос. Оние кои не носат одлуки заедно всушност живеат по инерција и тешко ќе успеат на долг рок “, вели Галена К. Роудс, експерт на Универзитетот во Денвер која ги проучува љубовните односи.