Едноставен и брз рецепт за највкусните кроасани!
Нека неделата започне вкусно! Направете неодоливи кроасани во чиј вкус ќе ужива целото семејство!
За тестото:
2 јајца
2 дл масло
3 дл млеко
1 лажичка сув квасец
100 гр шеќер
700 гр брашно
За фил:
џем од сливи
За сируп:
200 гр шеќер
3 дл вода
За попрскување на кроасаните:
100 гр кокос
На 3 дл млако млеко додајте лажичка сув квасец и 100 гр шеќер. Оставете го малку да отстои, па додадете 2 јајца, 2 дл масло и замесете тесто. Оставете го да нарасне, па потоа поделете го на пет дела. Секој дел се расукува, па се сече на 6 триаголници. На секој триаголник од тестото ставете по една лажица џем и завиткајте го како кроасан. Кроасаните оставете ги да отстојат 15 минути па потоа испечете ги на 200 степени додека не добијат златна боја.
Во меѓувреме пригответе го сирупот: Во сад ставете шеќер и вода и варете 4-5 минути од моментот на вриење. Испечените кроасани прелијте ги со топлиот сируп па извалкајте ги во кокос. Откако ќе се оладат со задоволство послужете ги!