Од васУбави муабети

Д-р Ангелчо Андоновски: како да ги заштитиме децата од аерозагадувањето?!

Чист воздух е основа за здравјето и животот на луѓето и целиот еко систем. Воздухот е мешавина од гасови што ја сочинуваат атмосферата и содржи околу 78% азот, 21% кислород и многу мали количества на други гасови како што се јаглерод диоксид, водород, озон, водена пареа и разни нечистотии. Проблеми се јавуваат кога овој однос се нарушува. Ефектот на одреден загадувач врз нашето здравје зависи од многу фактори: од нашите години, од генетиката, дали страдаме од некое друго заболување и степенот на физичка активност. Покрај тоа, ефектите на загадувачите врз еко системот зависат од самиот еко систем – видовите што го населуваат, хемискиот состав на почвата и слично. Најчестите болести предизвикани од дејството на загадувачите на воздухот кај луѓето се:иритации на дишните патишта и акутни проблеми на функцијата на белите дробови (проблеми со дишење),структурни промени на белодробието и дишните патишта, системско труење (таложење), слабеење на имунолошкиот систем што доведува до зголемена подложност на инфекции и најтешката манифестација поради перманент на изложеност на аеро загадување е појавата на рак (карцином) на белите дробови и дишните патишта. Децата, постарите лица и пациентите кои страдаат од хронични болести се најранливи. -Во текот на зимата, тие се со поголема веројатност да останат во затворен простор, и ако просторијата за престој  не е доволно проветрена, преносот на инфекции е поверојатен. Кај пациенти со хронични заболувања на респираторните и кардиоваскуларните органи, високи нивоа на ризик може да доведат до влошување на веќе постоечките болести. Истото важи и за децата со вакви хронични проблеми. Фрекфенцијата на пациенти во болниците во овој период е зголемена, пациентите чуствуваат доста пропратини симптоми и проблеми па поради тоа и се јавуваат во болничките институции. Мора да напоменеме дека дури и кратката изложеност на оксиди на сулфур (на пример, 14,3 mg / m3 во текот на неколку минути), азот или озон може да доведе до потешкотии при дишењето или размена на гасови поради едем, формирање на слуз (мукус) и бронхијален спазам како резултат на иритација и воспаление. Бронхијалните грчеви, едеми и слуз го отежнуваат протокот на воздух, го намалуваат капацитетот на белите дробови и ја намалуваат оксигенацијата размената на кислород помеѓу крвта и алвеоларниот воздух.

Сето ова влијае на намаленото снабдување со кислород на ткивата и ја отежнува работата на срцето. Иритација на белите дробови се должи како резултат на загадувачи во воздухот додатно и пушењето, алергиските реакции, или сите заедно и може да доведе до хронични состојби и во крајна линија до структурни промени во белите дробови.

Се со цел да се спречат компликациите овие акутни и хронични заболувања, кои се предизвикани поради хроничното и перманентно аерозагадување се препорачува на здравите луѓе а и на луѓето со белодробни проблеми да поминуваат повеќе време на свеж воздух и области со ниско загадување на воздухот, како што се планините. Зголемената вентилација на белодробието ќе може да превенира и извентилира т.е да ги исфрли штетните честички од дишните патишта и белодробието. Зголемувањето  на имунитетот исто така ќе ни помогне во пребродувањето на овој голем проблем. Имуниот систем го зголемуваме и стимулираме преку здрава исхрана и внес на витамински суплементи со кои предизвикуваме потик за подобрување на одбрамбениот систем и кај децата и кај возрасните. Затоа заедно да се заангажираме и да го пребродиме овој проблем кој не засега. Совесноста и превенцијата да ни се на прво место. Само така ќе ги заштитиме нашите најмили а тоа се дечињата.

Д-р Ангелчо Андоновски

Поврзани статии

Back to top button