ЖивотУбави совети

Домашни средтства за блескаво чист дом кои не влијаат негативно врз нашето здравје

Да се направи домашно, еколошко и здравствено прифатливо средтство за чистење е многу едноставно. Потребни се само неколку ефтини состојки и малку време и труд. Ваквите средтства за чистење не само што се многу подобри од оние индустриски направените туку нивното користење нема да ви го загрози здравјето и да ја загади природата. Откако ќе пробате вакви средтсва веќе никогаш нема да подадете рака кон хемиските средтства. Наведените состојки кои ќе ги видите во рецептите во продолжение доволни се да вашиот дом биде блескаво чист.

Средтство за чистење стакло: Шолја вода и шолја оцет. Измешајте ги во боцичка со прскалка да се соединат и прскајте на било која стаклена површина. Доколку сакате блескаво да сјаат стаклата користете весник наместо хартиени бришачи.

Универзално средтсво за чистење: Литар вода, две шолји оцет, три лажици сок од лимон и боракс една лажичка. Во сад измешајте ги сите состојки се додека бораксот не се соедини со смесата. Во боцичка со прскалка префрлете ја течноста и чистете ја кујнската површина. Доколку направите дупла доза може да ги чистите подот и купатилото со ова средтство. Во секој случај, темелно исплакнете.

Средтство за чистење тави и тенџериња: Три лажици сода бикарбона, алкохолен оцет е се што ви е потребно. Во посуда ставете ја содата и додадете малку оцет, потребно е да добиете густа бела паста. Оваа паста користете ја со сунѓер и не грижете се, нема да предизвика оштетување и ќе ги исчисти блескаво садовите.

 

Поврзани статии

Back to top button