Домашна паштета со модри патлиџани!
Кога сакате нешто вкусно и здраво, а не сакате тоа да биде нешто секојдневно и нешто што постојано го подготвувате, поиграјте си во кујната и направете поинаков оброк. За денес одбравме домашна паштета од туна и модри патлиџани.
Паштета од модри патлиџани – состојки: еден поголем модар патлиџан, една чаша посно сирење, една конзерва исцедена туна, една главица кромид, едно лукче, две лажици сечкан магдонос, сол, црн пипер и малку чили.
Исечкајте го патлиџанот на кругови, излупете ја кората, посолете и оставете да отстои околу 30 минути додека не пушти вода. Запржете ги круговите на маслиново масло да добијат боја. Повторно загрејте го маслото и запржете ги и лукот и кормидот. Прецедете ги од маслото, па сите намирници заедно изблендирајте ги. Посолете и наросете црн пипер.
Совет плус: послужете со тост или двопек.
Наздравје!