ЖивотУбави совети
Домашен сок за енегрија и имунитет!
Во овој период од годината како на сите да ни недостасува малку енергија и сила. За денес ви подготвивме лесен рецепт за домашен сок кој ќе ве наполни со енергија и супер позитивно влијае на метаболизмот и врз имунитетот. На здрав начин започнете го денот.
Потребни состојки: 4 киви, 2 лимони, 1 зелено јаболки и малку цимет.
Лимоните исцедете ги. Кивите излупени заедно со јаболкоко исечкајте ги и ставете ги во блендер заедно со сокот од лимон. На крај само додадете цимет.
Наздравје! Уживајте во чаша полна Витамин Ц.