ЖивотУбави совети

Домашен, вкусен и здрав компот од јагоди!

Зимата е многу далеку, ама за подготвување на зимница никогаш не е рано. Направете компот од јагоди, па кога ќе дојде зима уживајте во нивниот мирис и вкус.

Состојки

3кг свежи јагоди
600мл вода
30 лажици кафен жеќер

Измијте ги јагодите, па исецкајте ги на половинки. Попрскајте ги со шеќерот и оставете ги цела ноќ така да отстојат, да испуштат што повеќе сок.

Следниот ден исцедете го сокот, додадете му вода и ставете ја течноста за врие. Додека чекате водата да зоврие јагодите распоредете ги по чисти и стерилни теглички.

Додадете им ја зовриената вода, затворете ги со метални капачиња и оставете да се оладат на собна температура. Препорачливо е да го чувате компотот на суво и темно место.

Поврзани статии

Back to top button