Секоја жена покрај себе треба да има партнер кој ја почитува и сака безрезервно!
Постојат работи и ситуации кои многу лесно може да ви покажат дали вашиот избраник ве сака искрено или е со вас само да не е сам. Секоја жена покрај себе треба да има партнер кој ја почитува и сака безрезервно. Прочитајте, и бидете среќни ако вашиот партенер се однесува вака, ако не, стиснете заби, кренете глава и продолжете сами.
Внимателно ве слуша додека половина час драматично му објаснувате како колешката од работа постапила и ве изнервирала.
Ви го дава далечинското додека гледате телевизија.
Смеете да го баците само што ќе отворите очи, па потоа станувате да измиете заби.
Без срам влегува во маркет да ви купи тампони и жилетче.
Пред да донесе одлука, дали станува збор за работа, семејство или за пријатели тој се советува со вас.
Ви праќа смс пораки само да ви каже дека ве сака и му недостасувате.
И кога не е до вас секогаш ви посакува добар сон.
Повеќе од се сака да се гушка и гали со вас.
Кога ќе забележи дека со вас кокетира друг дечко, во исто време е и горд и љубоморен.
Храната секогаш сака да ја подели со вас.
Не се срами да им каже на пријателите дека ве сака, дека ќе ве земе токму вас за жена.
Не се чувствува загрозено и понижено ако заработувате повеќе од него.
На вашата среќна случка тој повеќе од вас се радува.
Се гордее и фали со вас каде ќе стигне.
Го заборава мобилниот телефон додека вие сте покрај него.
Ве запознал со своите родители и пријатели.
Кога ќе накачите некое килце тој ви вели искрено дека сте здебелена ама дека он ве сака и со неколку кила плус и неколку кила минус.