ЖивотУбави совети

Диета со млечни прозиводи за брзо губење на килограми!

Брза загуба на килограми може да се постигне со исхрана базирана на млечни производи. Млекото е добро за намалување на килограми, бидејќи има комбинација на витамин Д и калциум, што прави да се чувствувате заситени, па да не копнеете за ужинки. Од друга страна, витаминот Д е докажано дека помога на телесната тежина.

Млекото, исто така, содржи витамини А, Б, Ц, Е и многу минерали и протеини. Се користи како лек во помошна терапија на многу болести.  Ако секојдневно пиете млеко се намалува холестеролот во крвта, се зајакнуваат коските, се стабилизира нервниот систем, се нормализира функцијата на цревата и се подобрува микрофлора на дигестивниот систем. Оваа диета, исто така, позитивно влијае на кожата.

ПРВ ДЕН

Појадок: јогурт, банана, чај со мед или кафе со млеко, без шеќер.

Ужина: круша, јогурт.

Ручек: 100 грама овесна каша во млеко, 200 гр сирење, чаша млеко.

Вечера: варено јајце, салата од краставици и павлака или младо сирење со овошје, чаша кисело млеко.
ВТОР ДЕН

Појадок: чаша млеко (минимум 250 мл), еден тост леб со путер, чај со мед или кафе со млеко, без шеќер.

Ужина: овошен јогурт.

Ручек: тост со 20 грама сирење и едно јајце, јогурт.

Вечера: пилешки гради, јогурт или чаша чоколадно млеко по вечерата.
ТРЕТ ДЕН

Појадок: кафе со млеко или само млеко и интегрално колаче.

Ручек: кисело млеко со мусли, до три чаши.

Вечера: салата од макарони со кисело млеко или сирење.

Поврзани статии

Back to top button